Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силна поддршка од Грција за старт на преговорите, Заев побара од Атина да помогне за спорот со Бугарија

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и треба час поскоро да ги почне претпристапните преговори со ЕУ,  заклучија  премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис на средбата одржана вчера во Владата во Атина.

Грчкиот премиер Мицотакис, како што соопштија од Владата, му посочил на премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат. Дополнително било подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнувањето на процесот на преговори со ЕУ.

Двајцата заклучиле и дека Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија. Тие констатирале напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразиле посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација.

Заев за време на неговото учество на шестиот Делфи економски форум во Атина изрази оптимизам за надминување на разликите со Бугарија и побара поддршка од Грција за решение за спорот.

-Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер. Грција е многу гласна на Европскиот совет преку премиерот Мицотакис, преку министерот Дендиас, тие се многу фокусирани и лидери на процесот за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакна Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека процесот е малку забавен поради изборите во Бугарија, но и истакна дека станува збор за смешен проблем, кој дури не може ни да го објасни.

-Ние продолжуваме да разговараме со нив, ние сме пријатели со сите. Бугарија го измисли ова прашање. Дури, не ни можам да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, непостоечки проблем. Ни треба да најдеме решение бидејќи тоа е добивка и за Бугарите и за Македонците од Северна Македонија и само придобивки би донело на сите, нагласи премиерот Заев.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на тет-а-тет средба вчера на маргините на Делфи форумот со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, истакна дека Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија.

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ.

-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу Северна Македонија и Албанија, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија, говорејќи на панел дискусија заедно со вицепремиерот Никола Димитров и кипарскиот министер за надворешни работи Никос Христодулидис

Димитров на панелот порача дека сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија. Тој истакна дека влогот на Унијата треба да биде јасен дека „нашиот успех ќе биде успех за сите, за ЕУ, ќе биде успех за регионот за Западен Балкан и ќе биде успех за сите соседи, за Грција, а исто така и за Бугарија“.

-Мислам дека она што се случува со нас дали Европа ќе го одржи ветувањето, ќе биде порака за останатите во регионот, истакна Димитров.

Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и надеж дека во следните седмици ќе има добри вести, на панелот изрази и шефот на кипарската дипломатија Христодулидис.

-Можеби сме мала земја-членка но на крајот на денот имаме глас исто како и Германија, Франција и поголемите земји-членки на Европската Унија и секако се брои гласот на Кипар. Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија го губиме кредибилитетот на Балканот, зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополитички актери, гледаме дека ја губиме играта. Затоа се надевам дека во следните седмици ќе биде можно да имаме позитивни вести во однос на Северна Македонија, но и општо за регионот, рече Христодулидис.

Поддршка за евроинтеграциите на земјата стигна и од  Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет. Туск на Заев на средбата во Атина, на која присуствувал и вицепремиерот Димитров, уште еднаш му потврдил дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата на Атлантскиот клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Северна Македонија кон Европската Унија. Робертсон потсети дека во времето по приемот на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето очекуваа членството во овие организации да помогне во запирање на насилството во регионот. Затоа, според него, македонското вето на ЕУ треба да биде укинато.

Во организација на шефовите на дипломатиите на Грција и Романија, Никос  Дендиас и Богдан Ауреску, вчера и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка реферираа за европското досие пред министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни.

Османи порача дека Северна Македонија заслужи да се движи напред на европскиот пат, а Eвропскиот Совет во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

ВЕСТИ September 25, 2025

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно…

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.