Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симеон Сакскобурготски, поранешниот бугарски премиер: И за овој проблем има решение, доволно е да се покаже добра волја и да нема толку црвени линии

0
By НОВА ТВ Balaban on January 26, 2022 РЕГИОН
FOTO 24часа.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој е и последниот бугарски цар Симеон Втори, го поддржува пристапот на актуелниот претседател на Владата, Кирил Петков, за евроинтеграцијата на Македонија. Тој бара прагматизам, а не црвени линии.

– Се сеќавам дека д-р Жељу Желев, вечна му слава, беше првиот којшто тогаш ја призна Република Македонија. Значи, веќе имаме многу позитивен преседан. Сега, во ваков момент за Европа, навистина е многу важно да им дадеме поттик на тие две држави (Македонија и Албанија – н.з.). Така што, мора да се покаже прагматичност, изјави во интервју за весникот „24 часа“, Сакскобурготски.

Тој додава дека „како и секој проблем, и за овој има решение“.

– Доволно е да се покаже добра волја. И најмногу – да нема толку категорични црвени линии. И мирно, со упорност, но да ги придвижиме работите напред. Затоа што веќе има луѓе коишто може погрешно да ги разберат во странство. А нас Бугарите нè претставуваат како да сакаме да употребиме извесен притисок со нашата позиција во однос на можностите на двете наведени држави да влезат во ЕУ. Тоа не е најдобрата реклама за Бугарија или за мислењето што го имаат за нас во Брисел. И тоа мораме да го земеме во вид. Колку до историјата и сè… Бог знае дека јас, како цар, зборувам со едно извесно право и искуство, зошто сум запознаен многу добро со нашата историја. Мислам дека на крајот ќе се најде решение зошто за Северна Македонија и за Албанија е клучно да влезат во ЕУ. Имаат желба и се држат до неа, вели поранешниот премиер на Бугарија, кој раководеше со владата од 2001 до 2005 година.

 

евроинтеграцијата на Македонија пристап Симеон Сакскобурготски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.