Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски со апел: Не слушајте ги тие што повикуваат на бојкот на пописот

0
By Нова ТВ on March 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска ги повика граѓаните да не ги слушаат повиците за бојкот и неучество на пописот изборите, бидејќи, како што рече тие немаат за цел заштита на населението од пандемијата, туку целта им е да не се одржи оваа статистичка операција и државата наместо да оди напред да тоне во калта што е можно подлабоко. Пописот ќе биде безбеден, вели Симовски, бидејќи целосно и доследно ќе се почитуваат сите донесени протоколи.

Според него, се поинтензивна е негативната кампања во државата при што некои субјекти се обидуваат да ги демотивираат граѓаните да учествуваат во оваа статистичка операција. Тој ги повика сите граѓани да не ги слушаат ваквите повици бидејќи, како што рече, тоа пред се е акција која ќе треба да обезбеди податоци со кои ќе се креираат и спроведуваат политики за за иднината на граѓаните, а не на политичките субјекти.

„Сега овој момент се обраќам за прв пат вака ќе настапам директно до Македонците во нашата држава. Почитувани ова е држава каде можете слободно да се изјасните како Македонци. Пописот е единствената операција која го прибира овој податок, не пропуштајте ја таа можност. Почитувани останати граѓани на државата припадници на делови од повеќе народи кои живеат во оваа земја Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати. Имате можност слободно и без притисок да се изјасните онака како мислите дека треба да се изјасните. Искоритете ја оваа можност, рече Симовски.

Тој апелира сите граѓани да ги заборават, како што рече, сите повици за бојкот, сите притисоци врз нив и влевањето страв дека со пописот некој дополнително ќе биде заболен од оваа болест.

„Ќе ги почитуваме донесените протоколи до точка и запирка. Никој од учесниците во пописот нема со ништо да придонесе епидемијата да се рашири. Знаеме дека се тешки состојбите и психолошки делува ова врз сите нас, и ние сме луѓе и го носиме со себе. Ве уверувам сите дека во тој дел треба да бидете безбедни. Еве се подобруваат и временските услови, секаде каке може попишувањето ќе се одвива на отворен простор, а онаму каде нема можност, ќе ги запазиме сите потребни мерки согласно протоклите, но и повеќе од тоа“, рече директорот на ДЗС.

Според него, на оние кои повикуваат на бојкот, го користат овој чувствителен момент кај граѓаните и пропагираат за неучество заради пандемија, не им е целта заштита на населението. Целта им е, нагласи Симовски, да нема попис во оваа држава и таа да тоне во кал што е можно подлабоко, а не да оди напред.

Преку апликацијата за самопишување на дијаспората заклучно со 08:00 часот денеска се евидентирани 148.719 лица.

Самопопишувањето на државјаните кои живеат во странство започна на 1 март и ќе трае до 21 април.

Пописот на населението во земјава почнува на 1 април и ќе се одвива до 21 април, согласно утврдените протоколи за заштита од Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.