Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски за бојкот на пописот: Тие луѓе не и сакаат добро на државата

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју за „360 степени“ најавува казни за оние што нема да ги примат попишувачите, без оглед од која причина. Тој е зачуден од поттикнувањата бојкот оценувајќи дека тоа го прават тие што не и посакуваат добро на државата.

-Тоа е нешто што навистина не можам да го разберам. Тоа се луѓе коишто очигледно не ѝ сакаат добро на сопствената држава и на сопствените граѓани. Не знам, јас со години укажувам, а и во принцип секаде во светот пописот е статистичка операција и таа е во интерес на сите граѓани. Значи, пописот не се прави ниту за Владата ниту за некоја политичка партија, се прави пред сѐ за граѓаните во државата, за оние што носат, креираат и спроведуваат одредени развојни политики, да имаат доволно елементи тие да бидат квалитетни политики, да не се базираат на некакви си паушални оценки, на интуиција или нешто слично. Денес, која било активност, не можете да ја правите без информации. Во спротивно постои огромен ризик да промашите со таквата активност, вели Симовски.

На прашањето што ќе сметаат за бојкот преку кој не може да се помине, Симовски вели дека тоа е секое одбивање да се пушти попишувачот да го спроведе пописот, независно од која причина е тоа. Околу дилемата што ако се случи масовен бојкот, тој вели:

-Па, јас се надевам дека ќе има доволно разум во оваа држава, кај нашите граѓани по 20 години без попис  да сфатат дека ни е неопходна оваа акција и дека немањето пописни податоци од 2011 година не чини страшно многу, и како држава и како граѓани, а пред се како граѓани.Сум давал многу примери за што можат да се употребат податоците и да се искористат правилно, и ќе повторам дека веројатно огромен број на инвестиции во земјата не се влезени само заради тоа што немаме податоци од попис.Компарираме со нашите соседи и гледаме дека таму се инвестира многу повеќе отколку тука. Никој не сака без информација да влегува во авантура, особено ако таа значи трошење голема сума пари, порача тој забележувајќи дека целта не е да се казнуваат граѓани туку да се добијат податоци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.