Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синџирот околу Заев

0
By Биљана Секуловска on August 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каменот кој Заев го носи на грбот не е единствениот товар. Дополнително, тој камен е врзан со синџир, кој се обмотува и размотува точно во определен дијаметар, не давајќи му и нему и на сите нас да се опуштиме. Така изгледа потрагата по владина коалиција- сите се вртиме во круг, со затегнати омчи, зависни од кружењето и барањето на победници.

Ниту една победа не е доволна, но најголемиот пораз допрва претстои- дали да се потклекне на барањата на старите коалициони партнери, оние на ДУИ, кои доаѓаат во пакет на каменот и синџирот, кој толку долго го затега Заев, што одамна стана неиздржлив притисок. Најголемиот проблем секако дека не се националистичките наративи, ниту пак максимални барања за правата на Албанците. Одамна, многу одамна таа националистичка грдосија е смекната и европеизирана- адути со кои ДУИ со леснотија ги поминуваше сите ѕидови кај меѓународната заедница.

Главните препреки и проблеми беа заедничкиот камен што го носеа по патот со СДСМ- нефункционалност на самата држава, преку воведувањето на политики на неказнивост, неправда, невладеење на правото. Секогаш кога ќе се повикате на заробеното судство, како одговор, како аргумент дека партиите и власта не се синџирот околу вратот на тоа судство, мора да се потсетите на еден факт.

Таа неказнивост како мерка на владеење токму се промовираше во нивните редови, во нивната власт- ниту еден функционер со коруптивно и криминално досие, за кое само читаа и се информираа од медиумите, не беше протеран од тие партии. Напротив, некои беа високо наградувани и со тоа амнестирани на јавна сцена, други беа трансферирани и со тоа рехабилитирани, трети- инкубирани и со тоа повторно оживувани, за да бидат свежи и обновени за нови недела, и само мал број можеби- замрзнувани, со пресуда да хибернираат.

Храброста да се пресече тој синџир, да се распука тој камен никогаш навистина не започна- најболната точка на вриење кај гласачите беше неказнивоста на функционерските алчни, распуштени стомаци, масните потоци кои течеа од нивните бради, нивниот запуштен изглед во морална смисла, сетоа тоа очите на претходната власт не ги гледаше. Следуваше гломазноста и неиздржливиот апаратус на администрацијата, таа мрзелива, опустошена бирократија, неспособна, некадарна, партиско чедо на оние со стомаците кои се разлеваа во секоја институција и ги потопуваа останатите. Оние кои на почетокот беа поинакви, почнаа разочарано да се влечкаат низ ходниците, да стануваат исти како нив со текот на времето, ништо поразлични, разочарани, троми бирократски пихтии. Можеби тие станале  згадени од самите себе, но што ако- еднакво станале и доволно резигнирани да се стопат во масата, молчешкум, никогаш доволно храбри да се изборат, макар крадешкум да се извлечат од пропаста.

Затоа, реформите во овие две партии- и во СДСМ и во ДУИ се неоходни, доколку сакаат заедно да опстанат на политичката сцена. Заев веројатно ќе мора да ја собере таа храброст што претходно ја игнорираше, за да наметне еднакво темпо и на Ахмети во неговата партија, иако веојатно Ахмети би требал да започне од самиот себе.

Најпрво, Заев да се реши од целата советничка мастодонтска армија, тоа Потемкиново село кое го создаде и не зароби сите нас. Бројот на војничиња во тоа село  се зголемуваше паралелно со неговата желба секој негов случаен познаник да биде накитен со бирократски чин, за да се удоволат сите лакоми усти- ниту една навистина гладна, но секогаш опкружена со сопствени алчни фантазии.

Потоа се изгледа полесно, кога ќе се истресе од сопствената советничка гарда, но дали е навистина така?

Останува друга гладна и еднакво забревтана армија која јуриша на позиции- преголем број министерства, агенции, национални координатори, вештачки креирани институции, измислени, непостоечки, неупотребливи функции, но внимавајте, сите тие се неопходни за задоволување на апетитите на владините коалиции. Сите свиени до него, со отворени усти, со испружени раце, чекаат да бидат товени, наранети, задоволени, за да бидат замолчени. Не е навистина лесно, но што друго му преостанува на Заев, освен да објави дека собрал храброст- затоа што потешкиот пат секогаш води кон најлесниот излез.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.