Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на културата: “ПЛАТА НЕМА” – новото име на Министерството за (култура) и туризам!

0
By Marija Todorovska on June 26, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И понатаму две институции од областа на културата (НУ Стоби и ЈУ Универзална сала) НЕМААТ ПЛАТА за МЕСЕЦ МАЈ. Причината лежи во тоа што Министерството за култура ОДБИВА да ги почитува одлуките на Управните одбори на овие институции и бара платите да се исплатат спротивно на Колективните договори и важечката законска регулатива, велат од Синдикатот  на културата.

Тие реагираат дека од Министерството за култура телефонски се даваат инструкции за пресметка на платите спортивно на одлуките  на Управните одбори, со образложение дека тоа било наложено од Министерството за финансии. Велат дека како и досега, сето тоа се прави без писмена потврда, оставајќи ги директорите под ризик да бидат обвинети за непочитување на законските одредби.

Безобразието оди дотаму што, кога институциите уредно ќе побараат писмен документ како основа за такви противзаконски насоки, одговорот е закана: „НЕМА ДА ЗЕМЕТЕ ПЛАТА СО МЕСЕЦИ”.

Со тоа, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни, реагираат од Синдикатот.

Потенцираат дека Министерот за култура и туризам, останува пасивен набљудувач на ситуацијата, а според нив свесен дека Министерството за култура во континуитет ги крши законите на штета на културните работници.

Тие го појаснуваат изготвувањето и исплатата на плати во цел јавен сектор, кое се врши согласно закон и колективен договор. 

Согласно член 6 ставот 2 од Закон за извршување на буџети, буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници.

Согласно член 8 став 1 од Законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, исплатата на плати на буџетските корисници од централната власт и единките корисници ја одобрува Министерството за финансии, а буџетските корисници од централната власт и единките корисници се должни два дена пред исплатата на плати до Министерството за финансии да достават барање за одобрување на средства за плати кон кое ќе гo приложат образецот Ф – 1 за бројот на вработените по име и презиме, плата како и други податоци предвидени во образецот во пишана и електронска форма за односниот месец за кој се однесува исплатата.

Согласно член 8 став 2, Раководното лице на буџетскиот корисник и единката корисник е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон.

Од цитираните законски одредби произлегува дека Министерството за културата и туризам и единките корисници доставува барање за одобрување на средства за плати и само тие одговораат за законитоста на пресметката, како и дека барањето за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон, а Министерството за финансии нема апсолутно никакви надлежности да ги изготвува, менува или преиначува барањата за одобрување на средства за исплата на плати.

Оттука, јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата, а Министерството за финансии се користи само како оправдување за сторените повреди.

Поради тие причини бараме од Министерството за култура веднаш да ги исплати платите согласно одлуките на Управните одбори, а доколку повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар на исплатата на платите согласно закон, бараме јавно да ги објави одредбите со кои ќе бидат поткрепени овие тврдења дека исклучиво Министерството за финансии е одговорно за кратењето на правото на плата на вработените во културата!, стои во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија.

 

министер за култура Министерство за култура и туризам плати синдикат на културата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.