Бруклин Бекам, син на Дејвид и Викторија Бекам, го зема презимето на својата сопруга Никол Пелц и во иднина ќе го користи како негово средно име на венчавката што се одржа во Палм Бич на Флорида и за која, според странските медиуми, се потрошени три милиони долари.

Младата двојка влезе во брак со предбрачен договор, но не за заштита на богатството на славниот фудбалер, туку на семејството на невестата кое е неколкукратно поголемо.

Богатството на семејството Бекам се проценува на 38 милиони фунти, додека Нелсон и Клаудија, родителите на Никол, изнесува 1,3 милијарди фунти.

Венчавката се одржа на семеен имот на Никол и на неа присуствуваа бројни познати личности меѓу кои тенисерката Серина Вилијамс и актерката Ева Лонгориа.