Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Бразилецот Пеле, Едињо (43) осуден е на 33 години затвор поради перење пари заработени од трговија со дрога.
Тој го негираше обвинението, но призна дека е зависник од дрога. Ова не е првпат Едињо, поранешниот голман на Сантос, да осуден поради трговија со дрога. Првпат се најде зад решетки 2005 кога беше осуден на три години затвор.
Неговиот татко Пеле пред 18 години изграше за Сантос а во кариерата постигна над 1.200 погодоци.