Индиската компанија “Сахара Индија Паривар“ очекува поддршка од државата и народот за реализација на проектите во земјава, изјави денеска Сушанто Рој, синот на индискиот контроверзен бизнисмен Субрата Рој, кој во својата земја се гони за криминали.
Индиската делегација најави дека за две години ќе почне реализација на најавените проекти.
-Има многу работи кои ги планираме во Македонија, за таа цел ќе донесеме експерти од Индија. Сакаме да развиеме повеќе сектори како угостителството, земјоделството, фармерството.
Имаме големи планови со Македонија, очекуваме дека ќе бидеме поддржани од државата и од народот. Во 2014 или 2015 ќе бидете во можност да видите многу градби и активности. Тоа е нашиот план за Македонија, подготвуваме голем тим кој ги разгледува сите проекти што ќе ги работиме тука, рече Сушанто Рој.