Немирите во Сирија не престануваат. Во неделата попладне во градот Дамаск недалеку од зградата на државната телевизија одекнале две силни експлозии, па гледачите можеле во живо да го гледаат нападот.
Најпрво се слушнала силна детонација, па се видел одблесок зад репортерот кој шокирано погледнал зад себе. Водителот од студиото грижливо им рече дека се надева дека сите се добро.
Не помина многу време, а следеше нова експлозија, која беше многу посилна од првата. Информација за можни жртви се уште нема.