Тринаесет члена од исто семејство, претежно жени и деца, биле убиени од страна на про-владините сили во северо-западна Сирија, објави активистичка група на која се повикува Би-Би-Си.
Некои извештаи велат дека некои од жртвите биле изгорени живи, во инцидентот во Бајда, во близина на крајбрежниот град Баниас.
Членовите на семејството се вели дека биле од претежно од сунитско село, но во област каде што владините приврзаници биле обвинети дека се обидувааат да го исчистат од сунитите.
Новото насилство дојде откако Велика Британија, изјави дека умерените бунтовници заслужуваат поддршка.