Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сириза се спрема на борба со грчките олигарси

0
By Нова ТВ on January 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Ние немаме никакви обврски кон олигарсите, ние имаме обврски кон народот!”, изјави Алексис Ципрас, лидерот на Сириза која вечерва најверојатно ќе освои можеби и апсолутно мнозинство со кое треба да ја води Грција во наредните години.

Дописникот на францускиот магазин Ле Пуен вели дека за време на целата кампања партијата Сириза не отстапила од ветувањето дека целта е уништување на грчката олигархија, оние неколку семејства кои ги контролираат медиумите, големите фирми и имаат привилегирани односи со политичарите.

Во една дипломатска нота на американската администрација објавена од Викиликс пишува: «Мала група милијардери, сопственици на медиумите и на други фирми, кои или наследиле богатство или создале значајно богатство, одржуваат врски на инцест со политичарите».

Помеѓу нив се наоѓа Лацис за кој се смета дека е најбогатиот човек на Грција која изнесува околу 3 милијарди евра. Тој живее во Женева и е син на бродосопственик. Лацис ја има в раце најголемата рафинерија на Грција Ламда Девелопмент. Неодамна тој го купи и поранешниот аеродром Елинико на југот на Атина.


Спиро Лацис

Земјиштето изнесува 620 хектари и дел од списокот на агенцијата за приватизација. Според плановите, ова место треба да биде трансформирано во голем забавен центар со луксузни хотели, луксузни апартмани казино. Во меѓувреме, на ова место сега е сместени една болница во која доброволно работат 60 лекари и десетици болничари и апотекари кои ги лекуваат се побројните Грци кои повеќе немаат право на здравствено осигурување.

Сириза вети дека ќе го сопре овој проект. Според партијата, земјиштето било дадено по многу мала цена и не е направена ниту една студија за еколошките и социјални последици од изградбата на забавен центар на тоа место.

Другата богата фамилија е Вардинојани. Вардис Вардинојани е бродосопственик и сопственик на МоторОил, втората најгоема рафинерија во Грција но и на хотел во Атина, телевизија Стар и е акционер на телевизијата Мега.


Вардис Вардинојани

Сириза ветува дека ќе побара од овие луѓе да ги платат обврските кон државата како данокот за фирми. Доколу одбијат да платат од нив ќе се бара да инвестираат големи суми во поддршката на повеќе активности кои не можат да работат без донации.

Сириза сака да ја зајакне борбата против фискална евазија и се надева дека така ќе прибере барем 3 милијарди евра со кои ќе ја финансира својата борба против сиромаштијата и ќе може да им плати греење на оние кои тоа не можат да го сторат, дека ќе дадат поддршка за малите пензии и дека ќе можат за секој да најдат начин да добие здравствено осигурување.

Според Транспаренси Интернешнел ситната корупција во Грција се намалува но големата корупцијата и неплаќањето даноци ја чинат 10 милијарди грчката држава.

Конечно, Сириза има намера им го сврти грбот на богатите сопственици на медиуми. Така, дозволите за емитување на аудио-визуелни програми нема да бидат доделувани како на досегашниот сомнителен начин.

Во едно интервју за Фајненшл Тајмс Јоргос Статхакис кој ја води економската политика на партијата, изјави дека на тој начин повеќе стотици милиони евра можат да и се вратат на Грција. Останува да се види Сириза ќе може да ги оствари овие планови или можеби ќе наиде на отпор при обидите да ги стави во погон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.