НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели Нетанјаху, предупредувајќи дека земјата „се подготвува“ за копнен напад

0
By Marta Pesevska on October 25, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Бенјамин Нетанјаху
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата изјави дека земјата „се подготвува“ за копнена операција во Газа, а војниците веќе „елиминирале илјадници терористи“.

„Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели тој, додавајќи дека „деноноќно“ се работи на нивно сузбивање. Тие се мртви луѓе кои одат, вели шефот на израелската Влада, пренесува МИА.

– Се наоѓаме на пикот на борбата за нашето постоење, потенцира Нетанјаху и појасни дека двете цели се да се уништи Хамас и да се вратат заложниците. Тој изјави дека кабинетот работи „без политички размислувања“.

Нетанјаху соопшти  дека Израел се подготвува за копнена операција, но дека нема да сподели кога и како. Одби да даде детали за „размислувањата“ за копнената офанзива, велејќи дека тие не се познати во јавноста и дека „така треба да биде“.

– Сакам да кажам многу јасно, времето на операцијата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) едногласно го одредува кабинетот што ја води војната заедно со началникот на Генералштабот“, вели тој. „Работиме со цел да обезбедиме најдобри оптимални услови за нивните следни операции.

Тој ги повика Израелците „да не ги заборават ниту на еден момент“ оние кои беа убиени во нападите на Хамас. – Тоа е како да туркаме илјадници стрели во нашето срце кое крвари, вели тој, додавајќи дека ќе биде одреден национален ден на жалост за сеќавање на жртвите.

Израелскиот премиер, исто така, повторно ги повикува луѓето да се евакуираат на југот на Газа и вели дека земјата им помага на граѓаните „да дојдат до сопствено лично оружје на контролиран начин“.

– Мојата улога е да ја водам оваа земја и нејзиниот народ до целосна победа над нашите непријатели. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, оцени израелскиот премиер.

Нетанјаху потенцираше дека Израел бара помош од светските лидери и дека сега сфаќаат дека „Хамас е ИСИС, а ИСИС е Хамас“.

Што се однесува на до одговорноста за пропустите кои овозможија да се случи нападот на Хамас, Нетанјаху изјави дека ќе биде спроведена истрага за тоа што се случило тој ден, но дека истрагата ќе може да се спроведе дури по војната.

Сите ќе треба да дадат одговори за дебаклот – вклучително и јас – ама по војната, изјави Нетанјаху во обраќањето до нацијата.

Нетанјаху Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.