Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување“: Нови преводи на пораката на Горан Стефановски

0
By Ана Василевска on February 8, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Горан Стефановски
Горан Стефановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски.

Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

„Преводите на тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист ќе бидат објавени деновиве и во видеоформат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи…Должни сме македонските културни достоинства да ги вреднуваме и афирмирме постојано, а не само тогаш кога се случуваат одредени јубилеи кои се значајни за македонската култура. Затоа и не запревме со активностите кои ги остваривме во чест на Стефановски во 2022. – годината кога се навршија 70 години од неговото раѓање, туку продолжуваме и понатаму, како впрочем и со афирмацијата и вреднувањето на творештвото на сите македонски автори чиешто творештво и се изучува во рамките на наставата на странски универзитети“, соопшти МСМЈЛК при УКИМ. 

Петнаесет од преводите, како што наведува, биле подготвени од учесници на школите на Семинарот, Меѓународната научна конференција и на работилниците, и со нив  симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видеоформат.

Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа.    Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. 

Во чест на Стефановски минатата година беше и Втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, а посебно внимание на неговото творештво беше посветено и на 55. Летна школа, со одделно предавање и во рамките на лекторската настава по литература. На творештвото на Стефановски му беа посветени и есии на минатогодишната, 49. Меѓународна научна конференција, која беше и прв научен собир посветен на Горан Стефановски по неговото физичко заминување во 2018 година.

МСМЈЛК при УКИМ информира и дека годинава ќе објави преводи на дел од текстовите на Стефановски од книгата „Конзервирани импресии“, а ќе биде објавен и зборник со научноистражувачки трудови кои се однесуваат на неговото творештво и претставуваат негови нови исчитувања произлезени од минатогодишната Меѓународна научна конференција.

Горан Стефановски ЕУ Преводи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.