Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО со две обвиненија за „Талир“: ВМРО ДПМНЕ незаконски купувала имот

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 16:46

СЈО поднесе две обвиненија за „Талир“ – за незаконско финансирање на  ВМРО-ДПМНЕ и за незаконска изградба на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Првото обвиние за незаконското финансирање ги опфаќа екс лидерот Никола Груевски, други пет поранешни функционери и самата партија како правно лице. Груевски се товари дека во периодот од 2009 до 2015 година обезбедил пари за партијата од анонимни и незаконски извори.

Во оваа шема му помагале Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски кои вршеле притисок врз газди на фирми кои имале склучено договори за јавни набавки со државни органи, јавни претпријатија или единици на локална самоуправа да исплатат готовина на ВМРО ДПМНЕ , како против услуга за добиените јавни набавки.

На овој начин, партијата според обвинението „заработила“ повеќе од 4. 600 000 евра.

За да се прикрие потеклото на парите, обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, во периодот од 2011 до 2015 година и обвинетите Миле Јанакиевски и Елизабета Чингароска, организирале парите  да бидат уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на ПП10 уплатници во кои биле внесени невистинити податоци дека уплатата ја вршат лицата наведени во уплатниците, иако тоа не било случај.

По ова обвинетите  Димовски,  Чингароска, Ристоски и Јанакиески, како овластени потписници на сметката на партијата иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, истите ги пуштиле во натамошен оптек и со нив се купувал недвижен партиски имот.

СЈО бара притвор за Груевски и  мерки за препазливост за  обвинетата Елизабета Чингаровска – еднаш неделно во Основен суд, привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова.

За второто обвинение – за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ обвинети се  Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои како што пишува во обвинението ја искористиле „состојбата на зависност во која се наоѓало правното лице ДГ Бетон АД Скопје во однос на ВМРО-ДПМНЕ“ Во периодот од 2011 и 2012 година,  75% од приходите на Бетон биле од државни органи, единици на локална самоуправа или јавни претпријатија раководени од функционери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Бетон го изградил седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кое имало инвестициска вредност од речиси 7 милиони евра и  уплатило на жиро сметката на партијата износ од  2.155.668 евра. Вложувањата на ВМРО-ДПМНЕ изнесувале само  815.323 евра. На ваков начин ВМРО-ДПМНЕ добиле  8.246.576 евра.

По барање на СЈО Судот го замрзна имотот на ВМРО ДПМНЕ – партијата има забрана да продава или да стави под хипотека  68 партиски имоти како и  седиштето на партијата. Целиот овој имот бил стекнат во период од две години од 2013 до крајот на 2015 година и СЈО се сомнева дека може да е стекнат на незаконски начин.

Од СЈО објаснуваат дека се надлежни за поведување на обвиненијата за Талир, затоа што се работи за предмет што е преземен од  од Основно јавно обвинителство Скопје .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
ФОКУС
March 30, 2026

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

ВЕСТИ March 30, 2026

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите!

САД: „Власта му припаѓа на народот“, „Без кралеви“, … – протестни пораки до Трамп

March 29, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

March 28, 2026

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.