Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талир замрзна 17 и пол милиони евра имот на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 13:40

Истрагата на СЈО за случајот Талир е во завршна фаза, а деновиве се пишува обвинението. Според информациите кои Истражувачката репортерска лабораторија ги доби од СЈО во случајот има 14 осомничени, сите дел од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелниот претседател Христијан Мицкоски не е осомничен.

Во досегашната истрага испрашани се над 500 сведоци, како докази обезбедени се околу 12.000 уплатници со кои се донирале пари во партиската каса, како и илјадници документи од институции, приватни фирми и банки.

По едно неодамнешно интервју на лидерот Мицкоски дека партијата нема пари за одржување на главното седиште и дека размислува за продажба или изнајмување, СЈО веднаш побара од Кривичниот суд да го замрзне имотот за кој постои сомнеж дека е купуван од нелегални пари. Судот го одобри барањето и сега ВМРО-ДПМНЕ не смее ниту да го отуѓува, ниту да го става под хипотека или издава.

Според информациите кои ги добивме од СЈО, вредноста на замрзнатиот имот е 17.500.000 евра. Според проценител на ВМРО-ДПМНЕ седиштето на партијата денес вреди 14 милиони евра, а инвестициската вредноста е 7 милиони евра. Останатиот замрзнат имот е во вредност од 3 милиони и 500-тини илјади евра. Или вкупно под мраз се куќи, станови, деловен простор во вредност од 17 милиони и 500-тини илјади евра.

Истражувачката репортерска лабораторија од СЈО го побара списокот на замрзнатиот имот, а од Катастарот го побаравме целокупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ.

Направивме мапа на Гугл на која со сина боја е обележан замрзнатиот имот, а со црвена оној со кој може да располага партијата и за кој нема сомневања или докази дека е купен од валкани пари.

Според мапата замрзнати се 62 имоти, а слободни се 27. Имот има во сите градови, но и по помалите општини и села. Највредно е седиштето или популарната Бела палата каде според Катастарот има деловен простор од 3816 м2 и земјиште од 1240 м2. И овој објект не смее да се продава и е под истрага. Најголем дел од имотот на партијата се деловни простории или партиски штабови, но и станови, куќи, пасишта. На пример голем имот во земјиште и ниви ВМРО-ДПМНЕ има во скопско Сарај. Сите овие имоти се купувани во периодот кој го истражува СЈО односно од 2009 до 2015 година, со пари за кои постои сомневање дека се добиени на нелегален начин и за кои постојат докази во прислушуваните разговори.

Што поседуваат другите партии?

Според документите од Катастар на име на СДСМ има 9 имотни листови. Во Скопје владејачката партија го поседува само седиштето на улица Бихаќка од 4.084м2. Деловен простор има во Битола (509м2), Богданци (68м2), Струга (345м2) и Валандово (82м2). Земјиште поседува во Кавадарци (158м2), Крива Паланка (234м2), Неготино (133м2) и Ресен (482м2).

Демократската унија за интеграција има деловен простор во Чаир, каде е седиштето и тоа 274 м2 и земјиште 845м2. Како и уште деловен простор на Бит Пазар од 413 м2. Во Дебреште има нива од 3032м2.

Социјалистите на Љубисав Иванов Ѕинго имаат деловен простор во Центар од 1759ме, градежно земјиште од 1159м2 и неизградено земјиште од 592м2. Во Велес има деловен простор од 10м2 и во Струга 106м2.

Пишува: Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)

ВМРО-ДПМНЕ замрзнат имот Никола Груевски СЈО Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.