Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО станува ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција-ќе го води Вилма Рускоска

0
By Соња Трајковска on July 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во понеделник Владата до Собранието ќе го достави текстот на предлог Законот за ЈО, со кој се уредува и улогата на досегашното Специјално јавно обвинителство. Тој денеска ќе биде доставен до сите политички партии и ќе биде ставен на увид на јавноста. Делови од тој текст денеска презентираше премиерот Зоран Заев.

Клучните елементи за позицијата на СЈО

Специјалното ЈО како структура се интегрира во досегашното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и добива назив Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.

Ова ЈО ќе има надлежност на целата територија на РСМ и ќе ги има гаранциите за самостојност во делувањето кои во најголем дел одговараaт на досегашната позиција на СЈО, а сепак се во херархија и субординација со државното ЈО.

Предложено е новото ЈО да го води обвинителката Вилма Рускоска која во моментов го води  ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а сите обвинители кои работат во СЈО ќе продолжат да работат во новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Тие по истекот на мандатот имаат право како и сите други обвинители на резибор, да конкурираат или да не кокурираат, да бидат или да не бидат избрани.

Сега тие одлуки ќе ги носи Советот на јавни обвинители како надлежна институција, како што е передвидено во законот, односно како што досега секогаш се носеле одлуките з аизбор на шефовите на ваквите обвинителства.

Сите случаи кои се пред судовите за кои СЈО е надлежно согласно законот ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО, согласно досегашната законска рамка, во фазата во која се застанати.

Постојните вработени, истражителите преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалите, средствата и опремата.

Ова Обвинителство ќе ги има сите гаранции за независно вршење на својата функција. Една од клучните гаранции за независноста е финансиската самостојност. Новиот предлог закон предлага висината на средствата за работа на ова ЈО да се утврдува врз основа на предлог буџет и финансиски план на шефот на ова ЈО кој го доставува до ЈО на РСМ и до Министерството за финансии.

Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.

Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и е предвидена гаранција согласно која јавните обвинители од ова ЈО не можат да бидат времено упатувани и да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства.

Гаранциите во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на јавен обвинител на ова ЈО за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа.

Вградена е одредба со која првиот човек на ова ЈО може да се разреши единствено со 2/3 мнозинство од вкупниот број членови на Советот на јавни обвинители.

-Тоа значи никој политички фактор не може да влијае на неговото работење, избор  разрешување, рече Заев.

Значајна гаранција е дека Јавниот обвинител на РСМ без согласност од јавниот обвинител на ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кое е надлежно ова обвинителство, ниту пак, да овласти друго ЈО да води постапки за предмети за кои е надлежно ова ново ЈО.

Од ова правило постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утвдени со законите за кривична постапка, непостапување и чување на предметите во фиока.

Во однос на бомбите, освен оние што се веќе во суд, за сите други материјали јасно е пропишана процедурата, а тоа е уништување  како што се уништуваат ПИМ мерките согласно постапка пропипшаа во Кричниот законик.

-Откако обвинителката Катица Јанева ја депонираше својата оставка и од денеска кога го предлагаме оој текст на законот за ЈО не гледаме веќе никаков изговор  од опозицијата да избегнува разговори и договори околу ова прашање, освен доколку нема намера и понатаму да нанесува штети на својата држава и да заштитува нечиј криминал. Искрено се надевам дека тоа не е така, а сите ние тоа ќе го увидиме следната недела и седмицата потоа. Време е со искрена и чесна посветеност на овие теми да ги заокружиме реформските приоритети во делот на европските итеграции за да се претставиме наесен како земја која ги затворила сите прашања за добивање на ветениот датум за старт на преговорите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.