НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Таргет на прислушување биле најмалку 5.827 телефонски броеви

6
By Соња Трајковска on November 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СЈО во овој момент располага со доволно материјални и вербални докази за отворање истрага под името Таргет, за незаконско прислушување во период од 2008 до 2015 година, кога според она што го соопшти обвинитеката Фатиме Фетаи бил прислушувани најмалку 5.827 телефонски броеви. За што осомничени се 10 лица, кои биле на раководни позиции или вработени во УБК.

-Основното прашање на кое мора да одговори ова Обвинителство е кој, со кои средства и со кои методи и на крајот со кои мотиви незаконски прислушувал.

Освен за мотивите кои се предмет на истрагата, обвинителката Фетаи рече дека  може да се каже дека за 10 лица тогаш и сега вработени во УБК на различни позиции од највиски до пониски позиции, постои основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување на штета на средствата на државата преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите пшри што се повредени основните права и слободи на граѓаните.

-Преку системите за следење на комуникациите од  2008 до 2015г. незаконски се следени комуникациите на најмалку 4.286 телефонски броеви за кои не биле изадени судски наредби за следење. Кај некои следена е комуникацијата  и пред да биде издаде судската наредба и по заврушувањето на наредбата.

На ваков начин е следена комуникацијата на 1.541 телефонски броеви или најмалку 5.827 телефонски броеви. Притоа незаконски се следени и лица кои комуницирале со овие телефонски броеви кои биле таргет на незаконското следење, рече Фетаи.

sjo1

СЈО во истрагата утврдило декла во периодот од 2008 до 2015 година во употреба биле три различни системи за следење комуникации.

– Врз основа на доказниот материјал, постои основано сомнение дека во 2008 г.  тројца на раководни позиции, спротивно на Законот давале наредби за внесување и сами внесувале телефонски броеви и ги слушале за кои немало судски наредби.

Досега прибавените докази покажуваат дека преку првиот систем за следење  од 01. 01. 2008 до 30. 11. 2008 без судска наредба  биле следени најмалку 229 телефонски броеви и уште најмалку 21 телефонски број надвор од перидот на судските наредби.

Преку вториот систем за следење , во периодот од 11.2. 2008 до  02.01. 2015 без судска наредба е следена комуникацијата на најмалку 3.646 телефонски броеви и дополнително уште најмалку 1.268 телефонски броеви надвор од периодот од судска наредба.

Третиот систем бил во употреба од 21. 01. 2015 до 31. 12. 2015 без судска наредба се следени најмалку 401 телефонски број и дополнително уште најмалку 252 телефонски броеви надвор од судската наредба.

Осомничените издавале наредби, внесувале броеви и слушале разговори

Како што објасни обвинителката Фетаи, според доказите, постои основано сомнение дека првоосомничениот кој бил на раководна позиција во УБК без законско право слушал телефонски разговори за кои немало посебни истражни мерки и давал наредби за внесување броеви во системот кои биле на лица блиски со првооосомничениот, политичка, бизнис и новинарска фела други луѓе.

За второосомничениот, раководител на оддел во УБК, постои основано сомнение дека со првоосомничениот и самостојано ја искористил службената положба и спротивно на ЗКП и за следење на комуникациите го организирале процесот на незаконско следење на комуникациите преку злопотреба на потенцијалот на УБК.

Второосомничениот бил запознаел со сите лозинки креирани во системот и наредил посебен систем на следење и евидентирање, давал наредби за следење без судски наредби и самиот внесувал телефонски броеви без судски наредби и слушал телефонски разговори без судски наредби, рече Фетаи.

За третоосомничената раководно лице на сектор на УБК постои основано сомнение дека по насоки на второосомничениот ја злоупотребила службената положба со тоа што проследувала телефонски броеви кои требало да бидат внесени во системот без судска наредба само со налог за следење на комуникациите.

Доказите во конкретниот случај за двајца од останатите осомичени се дека, искористувајќи ја службената положба ги внесувале броевите во системот, а потоа останатите осомничени вршеле транскриптирање на содржината за потребите на прво и второосомничените.

– Ваквите дејства биле забележани од луѓе вработени во УБК. Еден од нив прибавил дел од транскриптите и дел од аудио записите од овие записи. Ова лице потоа нив ги дало на второ лице, кое преку трето лице му биле предадени на лидер на една политичка партија, кој на 31.12. 2015г. ги предаде на СЈО, рече Фетаи.

Предмет на анализа бил и третиот систем на следење кој бил во употреба од 02.01 2015 до 31. 12. 2015 година.

– И во овој период доказите се дека биле преземани дејства организирани и коориднирани од второосомничениот. Имаме докази дека од компјутерот од неговата канцеларија што бил одземен, вршел слушање на комуникации за некои телефонски броеви за кои немало судки наредби, рече Фетаи.

За останатите осмнничени постои основано сомнение дека ги внесувале броевите.

Обвинителката Фетаи рече дека уништувањето на двата системи за следење комуникации го успорило времето на прибирање на доказите, а за уништување на овие докази е отворена истражната постапка под името Тврдина.

– Нападот врз човековите права и слободи е најсилниот удар врз едно цивилизациско и демократско општество. Сега е ред општестото  да возрати, рече Фетаи на прес конференцијата на која беше обелоденет нов случај Таргет, за масовното прислушување.

Јанева: Нема да молчам за ниту една нерегуларност ниту некој ќе биде изоставен во борбата против беззаконието

Со незаконското следење на комнуникациите повеќе илјади луѓе кои живееле во Македонија од 2008 до 2015 година не им се почитувани приватноста на личниот и семејниот живот ниту тајноста на комуникациите. За жал оваа обврска не се почитувала, туку напротив се злуотребува од една посебно важна институција, како што е УБК,  од службените лица кои работеле таму со средства сопсвеност на РМ. Со ова темелните вредности на уставниот поредок се уништени, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот на прес конференцијата.

katica1

– Неспорен е фактот дека во одредни околности државата има законска можност да навлегува во приватноста на граѓаните, но според прецизна правна рамка и од овластени лица за тоа. Во ова прилика да потсетам  на Извештајот на Прибе од мај 2015 се наведени бројни недостатоци во функционирањето на сите институции вклучувајќи ја и УБК.

Од извештајот произезе основањето на СЈО кое во својот мандат треба да даде одговори, кој, кога и на кој начин прислушувал во РМ во врска со следењето на комуникациите кои се незаконски прибавени и се однесуваат од 2008 до 2015 година, рече Јанева.

Таа истакна дека ништо нема да ја обесхрабри и да влијае врз исполнување на оваа задача, дека се чувствува „слободна и цврста“ во неизјината работа, бидејќи како што рече на нејзина страна се „законите, Уставот, правдата и вистината и што е многу важно чувствувам дека имам широка поддршка од јавноста“.

– Нема да молчам за ниту една нерегуларност ниту некој ќе биде изоставен во борбата против беззаконието, криминалот да не ја одбегне казнивоста, а криминалците да застанат пред судот на правдата независно за кого станува збор, рече Јанева.

„Таргет“ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.