Германските обвинители ја истражуваат можноста од нов скандал во северна Германија, после извештаите во медиумите дека во една фабрика за преработка на месосе употребува и расипано месо.
Обвинителите во покраината Долна Саксонија покренаа ситрага во една фабрика за преработка на месо, во која властите во јуни направиле тестирање, изјави портпаролот на Министерството за заштита на потрошувачите, пренесува Ројтерс.
Сомневањата се дека во фабриката расипаното месо било мешано со здравото, лепени биле лажни етикети и декларации за потеклото на месото, но властите се уште немаат докази дека таквото месо се нашло во продажба, истакнува портпаролот.
Годинава низ цела Европа изби скандал кога коњско месо беше откриено во производи со етикети за говедско.