Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скап бензин, авион и најлоши патишта во Македонија

0
By Сашка Цветковска on March 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лоша патна инфраструктура, негрижа за животната средина и културното наследство, и мал ефект од туристичкиот маркетинг на земјата – ова се областите во кои Македонија има најлоши оценки во последното истражување на “Светскиот економски форум” посветено на конкурентноста во туризмот.

Општото рангирање на Македонија е 75 во конкуренција со 140 земји во светот. Но, поединечните рангирања покажуваат сериозни слабости во одредени области, најлошото котираме во патната и авионската инфраструктура. Еве како одат некои од рангирањата по области.

Македонија не може да се пофали ниту со солиден однос кон животната средина. Ако по бројот на природни богатства земјата е помеѓу првите 50, во заштитата на истите следат ниски рангирања.

Изненадување има и во конкуретноста на цените. Во однос на аеродромските такси и цените по билети Македонија е помеѓу земјите со скапи и неконкурентни услуги или на 99 место од 140 земји, а во однос на цените на горивото се наоѓа на 87 место.

Иако владата потроши многу пари за реклами на светскиот телевизиски сервис СиЕнЕн, Светскиот економски форум во однос на ефектите од маркетингот на земјата, Македонија ја рангирал на 87 место. А во мерењето според заложбите на секоја влада да и даде приориет на туристичката гранка, Македонија на меѓу последните земји или на 110 место.

Едно од најдобрите рангирања на земјата е во делот на односот на домашното населените кон туристите. Македонија е на високото 4 место или пофално место во однос на тоа како народот ги третира странските туристи.

Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.

Миле Спировски, претседател на АТАМ (Асоцијација на туристичките агенции на Македонија) вели дека се согласува со рангирањата на “Светскиот економски форум”.

“Тоа се истите работи кои нам патниците, гостите, ни ги посочуваат како проблеми. Сето тоа си е така како што е напишано. Хигиената на многу многу ниско ниво, патната инфраструктура исто така, грижата за културното наследство е на тоа ниво како што е опишано таму. Иако морам да посочам дека некако се тргна од мртва точка, дека има надеж, но не доволно и ние овие проблеми постојано ги адресираме до надлежните”, вели Спироски за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.