Published: Thursday, April 23, 2026 20:26
Околу 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди 38. Саем на книгата што почна денеска и ќе трае до 29 април.
Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“.
На отворањето зборуваа птерседателката, Сиљановска-Давкова, министерот Љутков и скопскиот градоначалник Ѓорѓиоски.
Саемот на книгата 2026 годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.
Работното време е од 10 до 20 часот, а со секоја купена редовна влезница ќе бидат донирани средства на СОС „Детско село“.




