Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Џез фестивалот од 16. до 19. октомври

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на 44-тото издание на фестивалот ќе настапат  легендарниот гитарист Марк Рибо и Кахил Ел Забар, На финалната вечер, Вадада Лио Смит, денес најголемиот жив американски џез музичар и Џејмс Брендон Луис, неодамна прогласен за музичар и тенор саксофонист на годината. Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Анджеј Јагоѓински трио, еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер и концертот на нашиот Национален џез оркестар под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, а како гостин солист ќе биде Луис Бониља.

Покрај концертите, Скопскиот џез фестивал и оваа година нуди и филмска програма, документарни филмови кои ги истражуваат духовните и културните корени на џезот и неговата трансформација низ децениите.

Главна цел во конципирањето на програмата беше да се задржи култниот статус кој го има фестивалот во Европа и во светот, рече Белопета.

Се работи за продолжување на концептот кој е генерално програмски концепт свртен кон современиот, тоа е едно, под број два актуелноста, а тоа значи дека практично сите кои доаѓаат имаат оваа година или лани некои нови остварувања кои оставиле силен белег на сцената. Значи изборот не е случаен. Се разбира во концептот спаѓа и ексклузивноста, затоа што ако прочитате има многу ексклузивни настани на фестивалот, рече Оливер Белопета, директор на „Скопски џез фестивал“.

 

Скопје фестивал џез
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.