Оценувајќи ја како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката, Сиљановска-Давкова преку виде порака посочи дека Зимската школа е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест.
Според неа, во ера на забрзани промени во којашто јазиците се соочуваат со нови предизвици, македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, дома и во дијаспората.
За неа, зимската школа, како дел од тој процес е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик, но и во иднината на македонистиката како светска научна мрежа.
Како успешен пример на образовна и научна дипломатија, оваа Школа придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање во време на глобални предизвици.




