Голем дефект на главната водоводна мрежа вечерва го остави без вода дел од жителите на Скопје.
Пукната цевка со профил Ф-600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе скопски населби.
Засега без вода се корисниците во Карпош, Ѓорче Петров, Влае и Хром.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека екипите се на терен.
Не е познато кога ќе заврши санацијата на дефектот, ниту кога ќе биде воспоставено нормално водоснабдување.