Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада денеска во 18 часот на крстосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.
Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.
Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното загадување и труење на жителите на градот. Според нив, проблемот со години се одвива со знаење и толеранција од страна на институциите, наместо со соодветна заштита на јавното здравје.
Од „Усје“ ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека фабриката работи под постојан мониторинг и во рамки на законските лимити.
Фотои: Слободен печат.мк




