Published: Thursday, January 1, 2026 18:01
Едно лице е убиено, а друго е тешко повредено во инцидент со употреба на остар предмет што се случил рано утринава пред угостителски објект во Старата скопска чаршија.
На 01.01.2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што биле пронајдени две лица со повреди од остар предмет, соопшти МВР.
Убиениот 22 годишник е идентификуван и бил со турско државјанство.
Во 01:30 лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.Повредениот, исто така турски државјанин со тешки повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.




