Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

0
By Zoran Ivanov on October 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција).

Денешната тема на конференцијата е Научени лекции – Заштита на демократијата:

 Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

Оливер Андонов – професор на Воена академија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека студентите во Воената академија се водат со идејата „честитка – ѕвездичка“, односно да стигне до офицер и потоа ќе стане клиенталист.

„Во партиите нема демократија, има назадување. Функционерите се борат за службена картичка, тендери, секретарка и службен телефон и кога ќе го постигнат тоа веќе стануваат добри клиенталисти и лојалисти. Во партијата повеќе не се разговара ниту за идеологијата. Основата идеологија е интересот, тлиентализмот, а сето тоа се постигнува со лојализам.

Имаме многу необразовани членови во политичките партии. Дел од тие стануваат и функционери. Тие што се пописмени заминуваат од државата, не сакаат да бидат полтрони или клиенталисти.

Националните емоции особено се користат против НАТО и ЕУ. Подршката за Украина полека се губи, еве кажете што направи државата во последниот период за Украина?

Луѓето апстинираат од избори, односно ако излезат да гласаат тие гласаат против, а не за некоја програма.

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар,  на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, вели дека кога во 90 те години кога транзитираа од еднопартиски во повеќепартиски систем, по направената анкета дојдоа до фрапантни сознанија дека живееле подобро кога им беше полошо.

„Така е во Албанија, Србија и Косово, воглавно земјите од Балканот имаат тенденција на авторитарно владеење.

Администрацијата е наследена од поранешниот систем, и покрај тоа што имаме демократски повеќепартиско гласање.

Има слобода на гласање но има екстремна партизација. Разликата од минатото е тоа што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии.

Граѓаните видоа дека со демократијата видоа дека осиромашуваат, додека политичарите кои влегуваат во политиката излегуваат како бизнисмени.

Демократијата да даде успех, треба на тоа да работиме“, рече Незири.

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, нагласи дека имаме најмногу партиски членови по глава на жител, за да си ги остварат своите лични интереси, а не поради идеологија.

„Причите за уназададување на демократијата во ОК како политичките партии го артикулираат бесот на гласачите, тоа добро го прави радикалната левица и десница.

За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица.

„Управување со цврста рака“ покажува индексот на тоа како граѓаните ја гледаат уредувачката политика.

Левицата и десницата гневот на граѓаните го насочуваат кон малцинствата, односно наоѓа виновник (верска, партиска, етничка, социјална).

Крајната десница ја враќа црквата во управувањето.

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаењето е сила знаењето е моќ“

Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека во минатото жените и робовите немаа никакви права ниту право на глас.

Демос и кратос значи владеење со силата (мечот).

Работата на новинарите не е вистината, туку фактите и контекстот (вистинитоста).

Како да ја објасниш вистината за конфликтот меѓу Израел и Плаестина, како да ја објасниш војната/конфликот во 2001 година на Македонците или Албанците…

Интернетот ќе ја сруши демократијата, алгоритмите те тераат што повеќе да тонеш во своите ставови.

Интернетот ти нудат емоции, лошите вести се повеќе атрактивни и пораширени.

Вистината во демократијата не е една. Системот на образованието е клучно. Уште една лага е „знаеето е сила знаењето е моќ“.

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, нагласи дека пред 2.500 години, комплетната морнарица на Атина, во 411 година, чуварите на демократијата беа војниците.

„Денес секој граѓанин е носител на демократијата, не треба некоја морнарица да ни ја чува демоктаријата како во времето во Атина.

Чуварот на демократијата е системот. Но, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот.

Граѓаните во овие 35 години развија поголема свест од политичарите, кои негуваат авторитарен режим.

Авторитарната свест е во постојан судир со демократската свест“, истакна Корубин.

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар,  на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата,истакна дека добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор.

„Оваа влада постојано работи во нарушување на меѓуетничките односи, префрлајќи ја вината на една политичка партија.

Не е здраво за општеството да се оди со тезата „Македонија на Македонците“.

Загрижен сум за стабилноста на нашата држава, бидејќи демократијата умира кога имаме безбедносни ризици.

Нашата држава има тенденција да ги следи стапките на Орбан.

Порано надворешен непријател ни беа Грција, па сега ни се Бугарија и по малку ЕУ. Внатрешен непријател тука се Албанците.

Медиумите веќе не се цензурирани туку се автоцензурирани кои немаат критички ставови кон власта“, рече Селими.

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

Роџер Касале, пред почетокот на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека му е особено драго што учествува на оваа конференција и нагласи дека без разлика од која политичка припадност доаѓа дали левица или централна десница треба да негуваме љубов кон демократијата.

Заедно ќе работиме во одбрана на демократијата, Северна Македонија и Европа… Непријателите на демократијата многу добро знаат како функционира демократијата и тие се многу подобро поврзани меѓусебе, отколку ние бранителите на демократијата.

Прогресивните сили не треба да се плашат да кажат дека ја сакаат демократија, дека се борат за демократијата. Да земеме пример од луѓето во Украина, тие буквално гинат за демократијата и за слободата на својата земја“, рече меѓу другото Касале.

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога видовме дека актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар, истакна дека Северна Македонија е во општествена криза.

„Младите веќе немаат интерес да работат во јавната администрација.

Државата влезе во самоизолација. Институциите не се сервис на граѓаните. Ние во последните две години ги заладивме односите со сите соседи, освен со Србија. А тоа значи дека влегуваме во „српски свет“, односно „руски свет“.

Македонската економија нема иднина без Европа. Олигархијата го поддржува овој статус-кво.

Пукнаа полулистичките балони, кога видовме дека актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, дека не го укинаа договорот со Бугарија.

Во демократијата одговорноста е на гласачите кога гласаат, но и на политичарите“, нагласи Хоџиќ.

Конференцијата ќе се одвива и утре, 10-ти октомври.

 

втори ден конференција меѓународна Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.