Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода вчера во 15.20 часот во Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, соопшти Министерството за внтрешни работи.
Тој лани во мај од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.