Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјани поитаа на бесплатните вакцини против грип, од понеделник имунизација и со комерцијалните

0
By НОВА ТВ Balaban on November 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните прашуваа колку време треба да помине од една до друга вакцина, односно по примањето вакцина против ковид-19 кога да се заштитат и против грип. Според најновите препораки, не мора да помине многу време – ако некој се вакцинирал против ковид-19, веќе следниот ден може да прими и вакцина против сезонски грип, само во друга рака треба да ја примат вакцината – вели д-р Соња Ралева, специјалист по општа медицина во поликлиниката Бит Пазар.

Голем интерес кај скопјани за вакцинација против сезонски грип која, освен во Скопје, утринава почна и во повеќе градови низ земјата – Штип, Кочани, а вратите ги отворија и пунктовите во Виница, Берово, Делчево. Охриѓани, според најавите, ќе почнат да се имунизираат против грип од понеделник.

Во Центарот за јавно здравје – Скопје до 10 часот против грип веќе се заштитиле 52 граѓани, а во поликлиниката Бит Пазар на вакцинација се јавиле сите закажани во  системот „Мој термин“.

– Во најдобар ред се одвива вакцинацијата против грип на првиот ден, според термините закажани на „Мој термин“ и еве, денеска  до 10 часот се вакцинираа 52 скопјани. Се уште не се пуштени во употреба комерцијалните вакцини, со нив ќе почнеме да вакцинираме од понеделник. Секако дека обезбедивме и посебни простории за аплицирање на вакцината протов грип, за да се одвива одделно од имунизација против ковид-19, вели д-р Љуљзиме Бајрами, раководителка на одделот за епидемиологија во ЦЈЗ.

За тоа дали истовремено може да се примат и вакцина против ковид-19 и против грип, д-р Бајрами вели:

– Се раководиме според препораките на Комитетот за имунизација и го  почитуваме нивниот став кој вели – може и истиот ден да се примат овие две вакцини, но во различни места, односно на различна рака. Не мора да има растојание, или може против грип вакцината да се прими по два или три дена по таа за ковид-19. Во почетокот препораката беше да се чека 14 дена, додава раководителката на одделот во ЦЈЗ.

Оние граѓани коишто нема да се јават за вакцина во определниот термин, ќе може да ја примат вакцината во наредните седум дена.

И во поликлиниката Бит Пазар од изутрина голема заинтересираност за вакцина против грип.

– Одѕивот за вакцинација е одличен, се јавија сите до еден коишто закажале на „Мој термин„ а денеска тоа се лицата над 65 години и хронично болните. Граѓаните прашуваа колку време треба да помине од една до друга вакцина, односно по примањето вакцина против ковид-19 кога да се заштитат и против грип. Според најновите препораки, не мора да помине многу време – ако некој се вакцинирал против ковид-19, веќе следниот ден може да прими и вакцина против сезонски грип, само во друга рака треба да ја примат вакцината – вели д-р Соња Ралева, специјалист по општа медицина во поликлиниката Бит Пазар.

Д-р Ралева: Има доволно време за стекнување имунитет

Во врска со тоа има ли доволно време за стекнување имунитет кај вакцинираните, со оглед дека веќе има пријавено 70-ина заразени со грип во Скопје, д-р Ралева појаснува:

– Има време лицата коишто примаат вакцина да стекнат имунитет против инфекцијата, за што требаат околу две недели. Освен за ова, граѓаните се интересираат, бидејќи пијат лекови и за други хронични заболувања, дали можеби вакцината ќе влијае на тоа, како и за можните несакани ефекти од вакцината. Имунизацијата денеска поминува во најдобар ред, вели д-р Ралева.

Годинава имунизацијата против грип се врши со вакцината influvac tetra, која е од француски производител и е четиривалентна, како што беше и претходните неколку години.

За Скопје оваа година се набавени 4.000 дози комерцијални вакцини, а цената најверојатно ќе изнесува слично како и во минатата година – 800 денари.

Од можни реакции по примањето на вакцината се наведуваат црвенило и слаба болка на местото на убодот, течење на носот, а во поретки случаи и лесно зголемена телесна температура.

Филипче: Очекуваме за десетина дена да заврши имунизацијата против  сезонски грип

И министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека во исто време може да се примат вакцините против ковид-19 и сезонски грип.

– Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика, нема никаква врска колкава е временската дистанца, рече Филипче.

Годинава се набавени 40 илјади дози вакцини за сезонски грип, а денес се пуштени 4.300 термини во 18 пунктови низ земјава, и очекуваме, вели Филипче, за десетина дена да заврши имунизацијата.
Вакцинацијата против сезонски грип се одвива во центрите за јавно здравје во земјава и во делови од здравствените домови каде не се врши ковид имунизација.

Во Скопје, освен во Центарот за јавно здравје и во поликлиниката во Бит Пазар, , вакцинација за сезонски грип се врши и во поликлиниките во Ѓорче Петров и во Идадија.

(Љ.Б.)

бесплатни вакцини грип Љуљзиме Бајрами поликлиниката Бит Пазар скопјани Соња Ралева Центарот за јавно здравје Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.