Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје доби нови контејнери и опрема за комунална хигиена

0
By Нова ТВ on October 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри, 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри, 950 корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакумско чистење и десет електрични возила за чистење и миење на јавни површини ќе бидат поставени на територијата на Град Скопје.

Како што појасни градоначалникот на Градот Петре Шилегов, станува збор за контејнери со највисок технолошки стандарт, познат и применет во Европа кои се на електричен погон и воопшто нема да го загадуваат воздухот во градот.

– Новите 540 статични контејнери за комунален отпад се речиси со три пати поголем капацитет од досегашните. Опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отварање, рачка за отварање прилагодена за лица со посебни потреби и на нив има упатство за правилно користење, појасни Шилегов.

Тој додаде дека во соработка со компанијата „Пакомак“ се набавени и 30 контејнери со капацитет од 2.200 литри за селектрање отпад што, како што рече, е двојно повеќе од досегашниот капацитет на контејнерите.

– Четирите нови комунални возила, се опремени со технолошки најсовремен систем за статично собирање на отпадот и со нив празнењето на контејнерот го врши возачот од самото возило со што ќе се забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град, посочи Шилегов.

Тој информира дека од 950-те нови корпи за џебен отпад, 850 се направени од еластичен материјал и дополнително се заштитени од непрописно полнење со ќеси со комунален отпад и се креирани на начин да оневозможат растурање на ѓубрето од страна на животни и птици. Останитете 100, освен овие карактеристики се прилагодени и за отпадоци од домашните миленици.

Шилегов најави дека инспекцискиот надзор ќе се зголеми и ќе има повеќе казни за несовесни граѓани.

За набавка на контејнерите град Скопје обезбеди 1,5 милион евра, а две возила се од „Комунална хигиена“ и дел од грантот од Светска банка, околу 250.000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.