Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје и Софија ќе се фокусираат на поголема трговска размена, железничко и авио поврзување

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двоцифрен раст на трговската размена, интензивни активности за железничко поврзување на Скопје и Софија до 2025-2026 година,  соработка за поддршка на претприемачите, воведување авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна за почеток во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно.

Тоа се дел од конкретните резултати од соработката во идниот период помеѓу Северна Македонија и Република Бугарија што ја најавија денеска по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи ресорните министри од двете држави Крешник Бектеши и Росен Жељазков.

Договорени се конкретни чекори за соработка во економијата, транспортот, енергетиката, туризмот, телекомуниациите, животната средина. Планираните активности, според најавата, треба да бидат преточени во меморандуми и договори во соодветните области што се очекува да бидат потпишани на почетокот на следниот месец од премиерите на двете држави.

– Очекуваме да продолжи зголемувањето на трговската размена и да имаме двоцифрен раст. Еден од заклучоците од денешната седница е и соработка на малите и средни претпријатија, ќе ги користиме искуствата на бугарските компании и тамошната влада во однос на користењето на европските  фондови, со цел да се користат што повеќе финансии од ЕУ што ќе ја зголеми конкурентноста на домашните фирми, рече Бектеши.

Според Жељазков, преземените обврски за поврзување на двете држави имаат реална и конретна рамка за извршување. Планираната изградба на железницата до 2025-2026 година ќе го забрзи превозот на стока и патници и реалзиација на долгогодишниот проект на Коридорот 8.  Активностите и плановите на двете страни се усогласени.

– Од бугарска страна не се изградени само 2,5 километри, а останатиот дел од железничката инфраструктура ќе биде модернизиран, рехабилитиран и опремен со нова сигнализација. Тоа се деловите Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево до границата. Заеднички ќе изградиме двокилометарски тунел помеѓу двете држави, и се планира поврзувањето временски, се разбира во посебни етапи, да биде до 2025 година плус минус една година, рече бугарскиот министер посочувајќи дека амбициозните јасно поставени планови опфаќаат по 400 милиони евра за секоја од државите.

Од македонска страна каде железничкото поврзување се одвива во три фази, според Бектеши, се интензивираат активностите за првата фаза од Куманово до Бељаковце, проектирана е и ќе стартува изградбата на втората фаза до Крива Паланка, а за третиот дел до бугарската граница веќе се бараат пари од меѓународните финансиски институции. – За третата делница имаме и грант од ЕУ; Министерството  за финансии веќе ика испратенбо писмо до финансиските институции да обебзедиме и кредит кој би бил над 300 милиони евра и да почнеме со процедурите за да се гради и третата делница, наведе Бектеши.

Првата седница на меѓувладината комисија по потпишувањето на Договорот за добрососедство резултирала и со конкретизирање на најавите за соработка во енергетиката, а особено гасното поврзување за што треба да следи примена на потпишаниот меморандум за соработка.

– Во областа на енергетиката јасно е истакната желбата за изградба на втор гасен интерконектор Петрич-Струмица и се разбира интересот за учество во платформата  за купување електрична енергија од електроцентралата во Белене, рече Жељазков, изразувајќи уверување дека со конкретните чекори кои може да бидат преземени од бизнисот и граѓаните Балканот може да стане привлечно место за инвестиции и туризам.

Министерот Бектеши посочи дека покрај Меморандумот за гасно поврзување на потегот Петрич-Струмица, а во завршна фаза на проекција е реализиација на  проектот за интерконекцијата со Грција.

– Како држава ги разгледуваме сите можни опциии за учество во големиот енергетски проект Белене и откако ќе имаме конкретна финансиска структура од бугарска страна и можноста на каков начин да учествуваме во изградбата на тој енергетски капацитет ќе имаме одлука, рече Бектеши.

Трговската размена меѓу Северна Македонија и  Бугарија лани изнесувала  635, 1 милион евра, што е раст од 8,2 процента во однос на 2017 годиона кога изнесувала  586,7 милиони евра.

Во вкупниот прилив на странски директни инвестиции во државава во изминатите 20 години Бугарија учествува со 3,2 процента.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.