Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје одигра против репрезентацијата на Велс нерешено, 1 спрема 1.
Поведе Македонија со голот на Миовски во 91-та минута, а изедначи Брукс во 94-тата. И двата гола беа постигнати во времето од судиското продолжение по истекот на 90-тата минута.
Ова бешеа 2-ро коло од квалификациите за Светското првенство во фудбал закажано за 2026 година што ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.
Наредниот натпревар македонската репрезентација ќе го играат со Белгија.
Македонија засега е на првото место во групата „Ј“.