Утре, четвреток во 13 часот, пред Книжарницата под отворено небо кај „Рекорд“, во центарот на градот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи музичко интермецо, практично концерт наминување со музика од современи автори чиј предзнак е минимализмот.
,Станува збор за музика која и во најголемиот метеж едноставно не можете да ја одминете. Звукот на Рихтер, Еинауди и Федел носи естетски квалитети кои пркосат на секој обид кич културата да стане мејнстрим, вели Иванова.
Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар.