Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици

0
By НОВА ТВ Balaban on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тропските горештини што ја зафатија и нашата земја кулминираат денеска и утре со температури и над 40 степени Целзусови во југосточниот регион, па активирано е портокалово, а во јужновардарскиот регион и црвено ниво за опасност. Скопјани, но и жители на другите градови, почнаа да колабираат среде улица, но и пред банка, на пазар, но и во градски автобус, и покрај тоа што возилата се климатизирани. Еден од најтоплите градови денеска е Гевгелија, каде во 14 часот температурите веќе достигнале 41 степен, а, како што прогнозираат од УХМР, до 17 часот ќе се зголемат до 43 степени! Во Скопје во 14 часот биле измерени 36 степени, а синоптичарите очекуваат максимални 40 степени.

Освен градскиот алфалт, се „вжешти“ и телефонот 194 на Службата за итна медицинска помош во Скопје каде најмалку по стотина граѓани дневно бараат интервенција од лекарските екипи, но и совети за спас од горештините.

Недисциплинирани граѓани

Лекарите предупредуваат – дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран и излегуваат надвор и во периодот кога е најтопло – од 10 до 18 часот, што може скапо да ги чини по здравјето, а дури и по животот!

– Ова се животозагрозувачки надворешни температури, затоа граѓаните особено постарите и хронично болните, треба да се придржуваат до советите на надлежните. А не, како што се случува, и постари граѓани да излегуваат надвор, многумина одат и со автобус, па бидејќи се изложени на топлото време се онесвестуваат на пазар, во автобус или пред зградата во која живеат, но и пред банка. Па веќе интервениравме на неколку повици за колабирани граѓани. Овие натпросечно високи температури пречат сериозно на здравјето – доведуваат до ширење на крвните садови, па доаѓа до намалување на крвниот притисок што може да предизвика вртоглавица, главоболка и други тегоби – вели д-р Ирина Манчевска Настоска, лекар во скопската Итна помош, инаку специјалист по ОРЛ.

Трнење на прстите и морници по кожата, но и психички тегоби

Таа предупредува дека од жешкото време кај граѓаните може да се јават и психички тегоби како вознемиреност, страв.

– Од топлото време граѓаните може да почувствуваат и трнење на прстите, трпки (морници) по кожата, бидејќи се потиме, па се губат електролити и затоа мора да се внесуваат повеќе течности, вода, негазирани пијалоци, чаеви, а особено е важно да се престојува во проветрени, разладени простории. Но граѓаните да внимаваат да нема големи  температурни разлики кога од дома излегуваат надвор на плус 40 степени Целзиусови, бидејќи тогаш се, исто така, можни колапси – додава д-р Манчевска Настоска.

Од УХМР прогнозираат дека продолжува период на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Мало опаѓање на температурите се очекува в недела и понеделник за кога се прогнозираат максимални 38 степени.

И утре целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, па продолжуваат да важат препораките од Министерството за здравство – од работа да бидат ослободени бремените жени и лицата постари од 60 години и други мерки за заштита од топлотните бранови.

Како што предупредија од Министерството за труд и социјална политика,  со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Љубица Балабан

д-р Ирина Манчевска Настоска Итна помош топлотни бранови УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.