Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Скопје синема сити“: Вечерва се отвора изложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ во Мала станица

0
By Ана Василевска on June 26, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје со изложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“

Големиот филмскиот композитор Збигњев Прајснер е добитник на наградата за животно дело на 10. издание на Фестивалот на музики документарни филмови „Скопје синема сити“. Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 21 часот во Мултимедијалнио центар „Мала станица“ во Скопје со зложбата на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“. Филмската програма ќе се одржи од 1 до 4 јули во Кинотека на Македонија. Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот.

Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на нашиот познат гитарист видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Стефановски.

– За време на својата повеќедецениска работа, Влатко Стефановски има остварено бројни изданија кои се индикатори за неговата сестраност и богата кариера. Само со „Леб и сол“ има остварено 14 изданија, неговата солистичка кариера брои 15 изданија, а бројот на соработки со музичари од различни поднебја и бројот на концерти е немерлив и несогледлив – вели Ненад Георгиевски од „Скопје синема сити“.

Покрај студиото како креативно место или лабораторија за создавање музика, концертната сцена е главното место или главната адреса за целосно доживување на оваа музика. Музиката е волшебна работа која, освен што нèзабавува, создава и многу други ефекти – концертите се местото каде што се доживува музиката непосредно и автентично под светлата на рефлекторите, поттикнувајќи нè да се соочиме со нашите најдлабоки и скриени емоции.

– Постои еден албум на Боб Дилан што носи интересен наслов, „Together Through Life“ или „Заедно низ животот“, и не можам да се сетам на период во животот кога Влатко не бил присутен со својата музика и концертни настапи. Како новинар, сум следел бројни концерти во Скопје, во Белград, во Нови Сад, во Стариград Пакленица, и во Њујорк, и овој уметник секогаш носел магија на сцената, што е и главната мотивација за оваа изложба. „The Vlatko Stefanovski Experience“ не е само изложба, туку е сведоштво за големото влијание кое Стефановски го има постигнато во светот на музиката. Таа сведочи за неговото патешествие од млад гитарист до културна икона. Со изложбата ù се оддава почит на една музичка икона чија музика ги надминува сите граници и жанрови и култури – вели Георгиевски.

Филмскиот дел во Кинотеката на Македонија ќе биде отворен со „Карлос“, филм за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе бидат прикажани филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: Иднината е ненапишана“.

Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот „No End“, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“. Нивната соработка не била само насочена кон светот на филмовите туку и кон концерти. „Requiem for my Friend“, кој е посветен на Кишловски, првично бил замислен како концертно дело со поинаква природа, кое требало да се изведува на подиуми во европските метрополи. Всушност, Кишловски и требало да го режира. Но со неговата прерана смрт во 1996 година, природата на ова дело се менува. Поделено на два дела, насловени како „Requiem“ и „Life“, ова е најемотивното дело во опусот на Прајснер.

Покрај Кишловски, Прајснер е автор на музика за десетици филмови, меѓу кои се „Damage“, „Aberdeen“, „The Secret Garden“, „Man of God“. Неговата карактеристична лиричност и емотивност довела и до многубројни соработки, како со Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“ и со Лиса Жерар од „Dead Can Dance“.

Последната вечер е посветена на македонските филмови и ќе бидат прикажани филмовите „Лука“ на Ице Виранов и „Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски.

Влатко Стефановски скопје синема сити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.