Уште еден објект во центарот на Скопје ќе добие баројна фасада.
Град Скопје распиша оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на ТЦ „Палома бјанка“, јавува Скопјеинфо.

Неодамна градската власт донесе одлука столбови и скулптура вметната во фасадата да има и на зградата на „Технометал“, да се стилизира и објектот на Стопанска комора, а во стилот на „Скопје 2014“ да се преслече и стаклената зграда на Шпаркасе банка кај хотел „Бристол“. Планирано е и на некогашната зграда на „Метропол“ на плоштадот „Македонија“ да се изградат уште неколку ката и да добие и купола.
Нова фасада, според скопјеинфо, ќе добие и зградата на „Интекс“ на „Даме Груев“ и објектот во продолжение кон плоштадот „ВМРО“ каде што се сместени Агенцијата за државни патишта, Министерството за труд и социјална политика и други институции. За сите нив веќе се изработени основни проекти.




