Од ЕВН за НоваТВ изјавија дека причина за струјниот колапс е голема експлозија на високонапонската 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Од МЕПСО за МИА, изјавиле дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.
На терен интервенирале од Скопската пожарна од каде инфотрмираат дека пожарот е изгаснат а во акцијата учествувале 5 противпожарни возила.
Од доцна попладнево нешто по 17 часот Скопје и неколку скопски општини се во мрак, поради струен колапс кој без електрично напојување остави неколку општини и населби и илјадници граѓани кои живеат во овие населени места. Според пишувањата на ФБ , без струја се Ново Лисиче, Кисела Вода, Центар, Ародром, Карпош 1,2 и 3 , Злокуќани се до Влае кое има струја исто како и Ѓорче Петров. Граѓаните се во очекување на информација поради што е колапсот и евентуално кога би се надминала оваа ситуација. Вака изгледа Скопје вечерва и од подоцните попладневни часови.