Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопскиот аеродром повторно доби признание за квалитетот на услугите

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 10, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI – Airports Council International World) во иницијативата наречена „Гласот на клиентот“, со која се препознаваат и им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги.

Според информациите од ACI, скопскиот аеродром е еден од преку 200 аеродрома на светско ниво што даваат приоритет на слушање на клиентите за време на пандемијата и што се стекнаа со ова признание. Меѓународниот Аеродром Скопје припаѓа во група од 86 аеродроми во регионот на Европа; потоа следат 73 аеродроми во Азиско-Пацифичкиот регион, 32 аеродрома од Северна Америка, 16 аеродроми од Латинска Америка-Кариби, 10 аеродроми од Африка и 8 аеродроми од Блискиот Исток.

Генерален директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, изразува задоволство што Меѓународниот Аеродром Скопје е препознаен и признаен од страна на Меѓународниот совет на аеродроми и тоа по втор пат по ред откако оваа иницијатива започна во 2020 година.

– Задоволството на нашите клиенти секогаш е наш врвен приоритет. Преку aнкетите за Квалитет на аеродромските услуги на ACI ние сме поблиску до нашите клиенти бидејќи слушањето на нивните мислења и коментари навистина ни помагаат да ги подобриме нашите услуги со само една цел пред нас, а тоа е да ги исполниме потребите и очекувањата на патниците кои што патуваат преку нашите аеродроми и во исто време да направиме тие да се чувствуваат безбедни и релаксирани, вели Батак.

ТАВ Македонија, како што информираат од компанијата, ја заврши 2021 година со вкупно 1.392.378 патници кои патувале преку двата аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Оваа бројка, споредена со 2019 година (2.677.618), како референтна година, или година пред пандемијата, покажува 48 проценти пад во патничкиот сообраќај, додека споредено со 2020 година, кога вкупната бројка на патници беше 782.876, прикажува 78 отсто пораст во бројот на патници

„Гласот на клиентот“ Меѓународниот Аеродром Скопје ТАВ Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.