Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопските градски советници во клинч за Дрисла

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на депонијата Дрисла Горан Ангеловски денеска пред почетокот на седницата на Град Скопје на која треба да се донесе одлука  за избор за приватен партнер, рече дека целата постапка за избор била транспарентна и со одлуката на Вишиот Управен суд тоа се потврдило.

-Тендерот беше спроведен според сите закони и ако ја читате погрешно може да дојдете до погрешни заклучоци. Како што пишува во пресудата сите наводи на тужителот излегле дека не се точни, и дека има направено само технички грешки во донесувањето на одлуката кои Градот на денешната седница треба да ги поправи, рече Ангелов.

Одговрајќи на новинарско прашање, колку пари досега инвестирала италијанската компанија ФЦЛ Амбиенте во Дрисла и колкава била обврската за инвестирање  во првите 4 години, Ангелов рече дека досега се инвестирани 3,5 милиони евра, но само за подготовска на детално урбанистичка планска документација. Тој додаде дека причината за ова е затоа што немале добиени никакви дозволи од Министерството за животна средина, а обврската на италијанската компанија била да инвестира 73 милиони евра во првите 4 години.

Претходно, координаторот на советничката група на СДСМ Драги Давчевски рече дека Вишиот Управен суд донел одлука да се поништи тендерот и да се започне нова постапка.

-Ова е второ поништување од судот во Македонија. Италијанската компанија ФЦЛ Амбиенте вети инвестиции, но до денеска нема ништо освен канали и сливници кои се изградени со парите до Градот. Ако градските советници ја донесат ова одлука што им ја предлага Град Скопје ќе станат соучесници во вршење незаконски дејства. Ние бараме да се однесе одлука со која ќе се запре постапката и во нова јавна транспарента постапка ќе се избере нова компанија. Исто така бараме да се активира банкарската гаранција затоа што компанијата не инвестирала во Дрисла ниту еден денар, рече Давчевски.

Тој исто така побара градоначалникот Коце Трајановски, Инспекторатот и Министерството за животна средина да вршат постојан надзор на Дрисла за да се отстранат сомнежите дека таму се уништува сомнителен отпад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.