Денеска, 22.4.2026 година (среда), со почеток во 18:30 часот, во седиштето на СДСМ, по повод јубилејниот 35-ти роденден на СДСМ, ќе се одржи предпромоција на документарниот филм „Заробена вистина“, посветен на еден од основачите на партијата, Крсте Црвенковски.
Филмот е авторско дело на Никола Т. Калајџиски и Аристит Филатков и обработува значајни аспекти од политичките ставови, животот и делото на еден од неуморните борци за македонскиот идентитет, Крсте Црвенковски.
На настанот покрај проекција на документарниот филм, предвидено е обраќање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Воедно, свои обраќања ќе имаат Никола Т. Калајџиски, коавтор и режисер, Љубица Јанчева, Рубинчо Белчески од Завод и Музеј Прилеп и Рубин Земон од Центарот за напредни истражувања.




