Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скромниот спортски херој ја имаше честа да го запали Олимпискиот оган

0
By Нова ТВ on August 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тркачот на долги патеки и жртва на една од најголемите неправди во историјата на Олимписките игри Вандерлеи Кордеиро де Лима, имаше чест да го запали олимпискиот оган во Рио де Женеиро.

Лима (47) беше последниот од 12 илјади носители на олимпискиот факел, кој помина 20 000 километри и посети 300 бразилски градови, а на крај тој го запали олимпискиот оган на Маракана.

На стадионот  факелот го внесе тенискиот шампион Густаво Куертен и и го предаде на Хортенциа Маркари, најголемата бразилска кошаркарска легенда, која го проследи до поранешниот маратонец Лима. Нему му припадна честа да го запали олимпискиот пламен, откако поради болест тоа го одби легендарниот Пеле.

ATO12.ATENAS. (GRECIA).29/8/2004.-El corredor brasileño Vanderlei Lima (i) es agredido por un espontáneo vestido con un traje tradicional griego cuando lideraba la prueba reina de los Juegos de Atenas, hoy 29 de agosto de 2004. Cuando faltaban algo más de cinco minutos para que se cumplieran dos horas del maratón, el espontáneo saltó a la carretera por la que se disputa la prueba y se abalanzó sobre el corredor brasileño y le empujó hacia el lugar en el que se encontraban los aficionados.EFE /FILIPO MONTEFORTE

Де Лима, победник на токискиот и хамбуршкиот маратон,  како и двократен освојувач на злато на Панамериканските игри, херој на бразилскиот и светскиот спорт стана по инцидентот поради кој остана без олимписко злато на маратонот на ОИ во 2004 во Атина, па така барем доби делумна сатисфакција за големата неправда која ја доживеа пред 12 години.

Тогаш де Лима, додека на 35 километар водеше во маратонската трка со 30 секунди предност, го нападна Корнелиус Хоран, ирски католички свештеник. Гледач од публиката му помогна на де Лима да се извлече од рацете на Хоран и да се врати на трката, но Бразилецот остана без злато и на крајот заврши како трет и освои бронзен медал.

Бразилскиот олимписки комитет по завршувањето на трката побара на де Лима да му се додели златен медал, бидејќи беше спречен во неговото освојување, но Меѓународниот олимписки комитет го одби барањето.

Утешна награда де Лима доби на затворањето на игрите во Атина, кога му беше доделен медал Пиереа де Куберина за фер плеј поради спортско држење во текот и по инцидентот во кој беше нападнат, бидејќи Лима целната линија ја помина играјќи победнички танц.

 

Лима, кој е омилен поради својата скромност, по нападот во Атина, стана бразилски национален херој, а во 2004 година е избран за спортист на годината и тоа со преседан, со гласање по пат на интернет, а не со одлука на жири.

 

Де Лима не е случајно одбран да поентира на големото финале на отворање на Олимписките игри, каде акцент беше ставен на рекордно високите температури, топењето на мразот на половите, подигнувањето на нивото на морето. Бидејќи по завршувањето на спортската кариера, де Лима стана активист за заштита на околината.

 

Летни Олимписки игри Рио де Женеиро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.