Утрово во 8:40 часот североисточно од Сараево е регистриран земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван во Сараево, Сокоч, Пале и Олов.
Епицентарот на потресот бил на 25 километри североисточно од главниот град на Босна и Херцеговина, односно на подрачјето на Романија.