Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слаби шансите за преговори со ЕУ денеска, земјите членки во клинч

0
By Ivana on December 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: sloveniatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за европски прашања се состануваат денеска во рамки на декемврискиот Совет за општи работи на ЕУ на кој Северна Македонија се надева да го добие ветеното отпочнување на преговорите, но шансите се многу слаби, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Повеќе од година и половина откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за изготвување на преговарачката рамка со Северна Македонија и Албанија и одржување на првите меѓувладини конференции со што се означува формално стартот на преговорите со ЕУ, Скопје и Тирана ниту денеска не се надеваат на деблокирање на ситуацијата поради ветото на Бугарија.

Како што изјавија за МИА повеќе високи дипломатски извори од земјите членки на Унијата, опцијата за издвојување на Скопје и Тирана нема поддршка од министрите освен бугарскиот. Можноста Софија да го тргне ветото за Северна Македонија во текот на утрешниот ден, или за време на лидерскиот самит в четврток и петок, е во рацете на земјите членки и нивната волја и способност да ја убедат Бугарија.

Софија инсистира договорот за пријателство да биде поврзан за процесот на проширување за Северна Македонија и експлицитно да биде тоа наведено во заклучоците за Северна Македонија што треба да произлезат од денешниот министерски состанок. Како што стојат за сега работите словенечкото претседателство заедно со голем број земји членки се противи на ова барање бидејќи тоа би значело билатерализација на целиот процес, што е спротивно на новата методологија за преговори на ЕУ и би креирало преседан за идните земји што ќе преговараат.

Во нацрт заклучоците ЕУ се чини попушти на барањето на Бугарија да се користи систематски долгото име Република Северна Македонија. Додека за сите други земји од регионот се користи краткото име – Србија, Албанија, Косово, итн. без “Република“. Оваа асиметрија е тешко прифатлива за македонската страна, која смета дека треба во тој случај да се користи долгото име за сите земји, не само за Северна Македонија. Оваа пракса премина и во секојдневниот вокабулар на дипломатите и министрите на земјите членки кои дури и на прес конференции и на неформални брифинзи го користат долгото име Република Северна Македонија, а краткото за сите други земји.

Европската Унија и оваа година би можела да остане без заклучоци за проширувањето, што беше веќе случај минатата година. Иако вината за ова не е само во бугарско-македонскиот спор. Земјите на ЕУ не можат да се усогласат ниту за Босна и Херцеговина ниту за Турција сѐ уште.

До крајот на овој ден министрите на ЕУ, кои денеска имаат и други точки на дневен ред освен проширувањето, ќе треба да дојдат до резултат за преговорите со Северна Македонија и Албанија, и да произведат заклучоци за проширувањето што ќе ги задоволат сите.

Доколку не успее словенечкото претседателство во тоа, се очекува да ги објави своите претседателски заклучоци со можност земјите членки што стојат зад овие заклучоци да бидат именувани. Во тој случај би можела Бугарија да остане изолирана зависно од исходот на денешните разговори помеѓу министрите на ЕУ.

Лани првпат земјите членки не објавија никакви заклучоци за проширувањето, главна пречка беше инсистирањето на Бугарија да биде вметната реченица за „погрешно толкување на историјата“ во делот за Северна Македонија специфично. ЕУ нудеше компромис тоа да стои во воведот за сите земји, но компромис не се постигна.

Останува отворено прашањето дали Бугарија ќе прифати да не се поврзува Договорот за пријателство со процесот на проширување. Ако ова се деблокира Бугарија, исто така, најверојатно ќе има приговори и за самата преговарачка рамка на Северна Македонија и, меѓу другото, употребата на македонскиот јазик во неа. За потсетување, македонскиот јазик е причината зашто Бугарија го блокира договорот меѓу Северна Македонија и Фронтекс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.