Бранко Тричковски: Слеп човек кој скока со падобран- со микрофон во увото, примајки инструкции од некој на земјата- скршил нога.
Следниот пат скокнал носејки оловен тег на крајот на седум метри долга жица за да може две секунди ппрано да знае дека ќе падне на земјата. Рекол дека никогаш не би скокал кога би гледал.
Ова приказна на Сонтаг ме потсетува на Македонецот кој е политички слеп падобранец, а од земјата го насочуваат инструктори на вмро.
Првиот пат си ја скрши ногата, вториот пат ја шина раката, а сега во скокот на локалните избори ќе го насочуваат да си ја скрши главата. Тегот со жицата ќе пропадне во длабоката дупка од инфантилни предизборни тралалајки и тој на земјата ќе акне со своето глупаво главче!
Докторите кои се обиделе да го спасат му рекле дека паднал во друга земја. На слепиот падобранец му било драго што не го утепала неговата сакана Македонија.
Мирно починал во кругот на своите најблиски.
Извор: Фејсбук