НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слики на очај и агонија на здравствените работници во„8 Септември“-бараат да ги заменат

0
By Менче Атанасова Точи on June 30, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19 во ГОБ„Септември“ затоа што веќе нема место место-оделенијата на петте спрата се преполни, а вработените се преморени и исцрпени, бараат од лекарите од болницата.

Таму во моментот има околу 150 пациенти со Ковид, а на одделите каде што се најтешко болните, каде се приклучени на респиратори и на маски со кислород ситуацијата е драматична.

Лекарите велат дека по четири месеци борба со вирусот, тие веќе се на крај на сили.

„Ситуацијата е критична. Треба да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19. Сите сме на крај на сили, особено тие што сме во трите оддели каде што се најтешко болните, во шок соба, интензивна, во Ковид центарот.

Последен момент е да ни се најде соодветна замена за да одмориме малку, да пратат анестезиолози и обучени медицински сестри да не заменат“, велат за НОВА лекари од болницата.

Медицинските сестри дежураат по 24 часа, на секои четири дена, по две во смена. Четири часа се со заштитната опрема, скафандери, маски, наочари, неколку пара ракавици, а потоа наредните четири часа земаат здив, одмараат и се така 24 часа.

Тие ги покажуваат лузните по лицето од маските, дланките им се оштетени од долго носење на ракавици.

Лекари од болницата за НОВА тврдат дека во овие оддели сликата е очајна, медицински сестри паѓаат од умор, колабираат, повраќаат од премореност од работа. Анстезиолозите се изморени во битката со пандемијата без прекин четири месеци.

Двајца од анестезиолозите се позитивни на Ковид-19 и иако има три нови докторки анестезиолози сепак, велат дека не се издржува, преморени се и апелираат до надлежните да бидат заменети за да може да се одморат.

Дополнително и две анестетичарки исто така се позитивни на Ковид-19 , така што сега се само седум. Една група од нив дежура на секоја трета вечер.

Во Ковид центарот има 11 анестезиолози, кои велат дека исто како и тие во ГАК и детската болница во Козле , немаат право на одмор.

„ Медицинските сестри во одделите каде што се најтешко болните на респиратори, од умор паѓаат, колабираат, повраќаат. Преморени се дежураат по 24 часа на секоја четврта вечер.

Ние како анестезиолози реанимираме, аспирираме болни со секрет, помодрени ни ги праќаат од Инфективна клиника.

Преполно е со пациенти. Доаѓаат на нога и за два часа се менува клиничката слика, трчаме интервенираме, ги ставаме на респиратори“, раскажуваат лекарите со кои разговараше НОВА.

Лекарите велат дека во болницата има наплив од пациенти. Секоја вечер се примаат по 10-15 нови пациенти, возилата на Итната медицинска помош постојано носат нови случаи.

„Имаме 30 респиратори и доволно довод за кислород,  но немаме доволни анестезиолози и  медицински сестри.

Дојдоа неколку од други градови, но тешко се снаоѓаат-  никогаш не биле во интензивна нега, не знаат каде што стои, тешко се вклопуваат, а некогаш секундите се во прашање“, велат лекарите.

Ситуацијата дополнително се усложнува заради интерхоспитална инфекција со Ацинетобактер. Велат дека нема кога да се исчистат машините, да се стерилизираат-  што може да ја зголеми смртноста на и така тешко болните пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче за НОВА потврди дека денеска се разговарало за ова, да се направи ротација и дел од нив да одат на одмор.

„Да, денеска зборуваваме за ова. Сега имаат тројца нови примени анестезиолози, но ќе направиме и ротација. Планот е дел од нив да одат на одмор, а други да ги заменат“, рече министерот Филипче за НОВА.

Во ГОБ“ 8 Септември“ наплив на пациенти има особено откако тие почнаа да се препраќаат од Инфективна клиника, каде престанаа да ги ставаат на респиратор и таму сега се полесните случаи.

Пациентите во Ковид центарот во „8 Септември“се третираат со антивирусна и антибиотска терапија, при што задолжително се дава и анкоагулатна терапија заради опасноста од избивање на тромб, како во многу случаи досега. Поради тоа постојано  се мери коагулациониот статус на болните.

„Има момент кога се знае која терапија кога треба да се дава. Оваа терапија се дава кога ќе настане циконската бура предизвикана од коронавирусот“, објаснуваат анестезиолозите.

Тие објаснуваат дека станува збор за непредвидлив тек на болеста, кога може да дојде и до откажување на бубрези и други органи, а белите дробови се разорени.

Поради сето ова ситуацијата станува неиздржлива и здравствените работници  од „8 Септември“, која од 16 март е Ковид центар, апелираат до надлежните за побрзо решавање на проблемот, за да не дојде до непосакуваното, до колапс на болницата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.