Познатиот пејач Зоран Предин приреди невиден скандал во кошаркарски натпревар во Љубљана. Олимпија и украински Будивелник одиграа натпревар на последната рунда Еврокуп а малиот број на гледачи беа бесни на судиите и на крајот на натпреварот на теренот излегоа прилично голем број на фанови кои имаа нешто да им порачаат на самите судии.
Најконкретен во бесот беше Зоран Предин кој од зад грб со тупаница го удри судијата по глава. Полициски службеник му врачи парична казна, а Предин подоцна изрази жалење поради инцидентот.
– Се срамам од своите постапки. Јас целосно ја загубив контролата врз себе, но тоа не ги оправдува моите постапки. Јас искрено се извинувам на сите, особено на судијата Лопес. Се надевам дека не го повредив. Се извинувам и на Олимпија, која ми дозволи да купам годишен билет до самиот терен и на поддржувачите – се вели во соопштението на Зоран Предин.

