Пратеничкиот маднат на поранешниот премиер на Словенија Јанез Јанша, кој е лидер на опозициската Словенечка демократска партија, и осуден на две години затвор поради корупција заврши, одлучи словенечкиот Парламент синоќа.
– Врз основа на законите и фактот дека Јанша е осуден на повеќе од шест месеци затвор, неговиот мандат како член наПпарламентот е прекинат, соопшти словенечкиот парламент по вонредната седница.
Одлуката беше донесена со 58 гласови „за“ и 6 „против’. Пратениците од неговата партија го бојкотираа гласањето. Јанша почна да ја одлежува казната на 20 јуни во затвор близу Љубљана.
Јанша е осуден за примање мито од фински произведувач при купување на оклопни возила за војската на Словенија за време на неговиот мандат како премиер.