Денис Прешова: Посебно загрижува фактот дека највисокото претставничко тело, Собранието, всушност не претставува значителен дел од граѓаните. А што сме па толку изненадени дека Собранието одлучи да „молчи“ за Кочани кога цела вонредна состојба ја поминавме со „само-укинат“ парламент кој не се произнесе за ниту една одлука или уредба. Ние никогаш не воспоставивме вистински парламентарен надзор над Владата туку партиски надзор над Собранието. Сложни лидери парламент суспендираат. Сложни пратеници во четврток не прашуваат.