Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај претепан доктор:Лекарите бараат државата да ги заштити

0
By Менче Атанасова Точи on June 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Заштита на докторите додека пружаат медицинска помош и добивање на статус на службени лица бара Лекарската комора од државата. Ваквата реакција доаѓа, како што велат заради зачестеното агресивно однесување на пациентите кон лекарите, особено со последниот случај каде син на пациентка, претепа доктор на Клиниката за гастроентерохепатологија.

-Популацијата е хиперадренализирана, на социјалните мрежи се шири говор на омраза против докторите по последниот случај на напад врз доктор и тоа мора да престане. Затоа бараме статус на службени лица со што ќе бидеме заштитени како што е во Финска, Данска и Израел. Зарем треба да биде убиен лекар како што беше случајот со хирургот во Краљево? Нашето трпение е при кај, изјави денеска Кочо Чакаларовски претседател на Лекарската комора.

Во комората велат дека три проценти од лекарите во Британија задолжително треба да знаат некоја од вештините како што е џиу-џит-су на пример, за да можат да се одбранат. Беше посочен и пример на лекар на Клиниката за нефрологијата кој барал од директорот да му дозволи да доаѓа на работа наоружан.

Комората веќе доставила барања до директорите на клиниките да обезбедат заштита на медицинскиот персонал, но велат од таму нема никаков одговор. Признаваат дека има и лекари кои се однесуваат несоодветно или не се заинтересирани во време кога семејството чувствува болка кон блискиот, затоа апелираат на трпение од двете страни.

Во Лекарската комора не сметаат дека причината за засилената агресија кон лекарите треба да се бара во здравствениот систем, во долгите административни процедури. Од таму велат дека станува збор за нарушена доверба меѓу лекарите и пациентите, но и фактот дека од терцијалното здравство повеќе не може да се очекува услуга како досега бидејќи истите работи се прават во болниците, односно во секундарното здравство.

И Синдикатот на скопските клиники го осудува нападот на лекарот и бараат да се спроведе законот за Здравствена заштита во член 171, каде се вели дека лекарот има право на заштита доколку кон него се упатени навреди и закани, болницата каде што работи е должна да му ја обезбеди.

Инаку, случајот кој вчера го објави НОВА, ја крена на нозе македонската јавност и во исто време ја подели. Додека едни се згрозени од агресивното однесување на 35 годишниот Филип Стојановски кој денеска ја погреба мајка му, многу од граѓаните го оправдуваат и охрабруваат ваквото однесување.

Со случајот се запознаени и во МРВ, каде што Стојановски пријавил напад врз неговиот татко, кој како што тврди бил малтретиран од три лица од обезбедувањето кои го удирале за да го натераат да го доведе синот.

-Имаме пријава дека три лица го нападнале неговиот татко, го туркале и слично, така што ние работиме на расчистување кои се тие луѓе, дали навистина станува збор за службени лица од обезбедувањето, изјави за НОВА Иво Котевски портпарол на МВР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.