Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „свадба Нерези“: ОЈО не постапува-немало пријава, МВР не влегува без налог од ОЈО

0
By Менче Атанасова Точи on June 19, 2020 ПОЛИТИКА
Локација каде што била свадбата, во семејна куќа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свадбата во Нерези од која има 14 заболени со Ковид-19, а семејството досега нема дадено ниту еден контакт од присутните на веселбата, не е предмет на истрага на Основното јавно обвинителство бидејќи ниту една надлежна институција не го пријавила случајот. Оваа семејна веселба со 100 -тина гости им создаде голем проблем на епидемиолозите затоа што не сакаат да им ги дадат контактите, а со коронавирусот може да се шири од човек на човек, неконтролирано.

Кластерот „Нерези“, може да експлодира како бомба, а институциите не реагираат. Лекарски извори за НОВА велат дека сега и тие што станале позитивни не откриваат дека присуствувале на оваа свадба.

Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека до овој момент не е пристигната кривична пријава или известување за овој настан. За да постапат, велат дека треба да имаат податоци за лицата кои ја организирале свадбената веселба, кои во јавноста не беа објавени.

„За да постапува обвинителството, потребно е да ги има основните податоци во поглед на лицата кои го организирале и присуствувале на настанот. Воедно, нагласуваме дека кривична пријава или известување до обвинителството може да поднесе секоја надлежна институција, врз основа на податоците кои се однесуваат на определен кривично-правен настан во рамките на надлежностите на тие институции“, велат за НОВА, во ОЈО.

Во ситуација кога во државата има вонредна состојба, со строги карантински мерки кога е забрането да се собираат повеќе од пет луѓе на едно место, кога МВР ги добива податоците за кластерите, секојдневно,  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев тврди дека кога се работи за семејни слави во домашни објекти, МВР не може да влезе без налог од Основното јавно обвинителство.

„ОЈО во одредени случаи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава“, изјави Чулев, одговарајќи на прашањето што превзема МВР бидејќи корона вирусот се шири на семејни прослави.

фото: сдк.мк
Чулев посочи дека се врши препознавање на лицата отпосле, по што се повикуваат во полициска станица.

„Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата“, рече Чулев.

И додека институциите си ја префрлаат топката, кој кого треба да извести, кога и МВР добива списоци на дневна основа, кога никој не реагира, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје се ставени во тешки маки  за да дојдат до контактите од оваа семејна веселба.

Од овој кластер со 100 гости кои контактираале најмалку со 10 луѓе, има околу 1000 контакти, а тие што ќе се заразат ќе го шират вирусот, понатаму без контрола.  Од оваа свадба освен потесното семејството со 14 заразени досега нема ниту еден друг контакт, никој од контактите не е во самоизолација и слободно се движат меѓу луѓето. Нерези спаѓа во општина Карпош која има околу 60 000 жители, и поврзано, како неодвоив дел од Карпош 4.

Зачудува и однесувањето со кое ова семејство го загрозува здравјето и животот на граѓаните, особено што младоженците се вработени во Лекарската комора(правник и економист), сестрата на младоженецот која е позитивна на вирусот е лекарка, а таткото на невестата е медицинско лице кое работи во Психијатриската болница- Скопје во Бардовци.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.